Грузија ја порази Русија (со слики)






музика, видео, уметност | 1 comment
They call it night,
they call it night
and I know it well
општество, политика, активности, анархизам, македонија, солидарност, не пиеме нафта | 3 comments
Завчера беа удрени темелите на левичарската организација “Движење за социјална правда - Ленка”.

Мај 2008, на Правен Факултет

Март 2008, анти-НАТО протест
Како што вели Рене (еден од членовите):
Во оваа време кога во нашата земја успеаја да наметнат неолибералистичко едноумие, кога националистичките страсти успеваат да ги распалуваат на толку евтин начин, кога ги гледаме од високо теократските (исламски) земји, а ние забрзано чекориме во таа насока, кога агресиите и окупациите на народот успешно му се продаваат како мировни мисии – едноставно неизбежно е левицата да го крене својот глас. […]
Она „Ленка“ доаѓа од истоимената песна на Кочо Рацин. Ако се сеќавате на песната, Ленка е работничка која социјалните услови ја принудуваат да прифати работа која е штетна по нејзиното здравје и која не ја сака. На крајот, нејзината работа ќе успее и да го одземе нејзиниот млад живот. Песната е одличен пример за разликите во животот во капитализмот: само поради тоа што има повеќе пари, некој може да ужива во сите убавини во животот, а некој ќе се отепа од работа и пак нема да може да живее достоен живот. За да нема такви работи, мора да има социјална правда!
Покрај тоа, со името му го даваме конечно заслуженото признание на „нашиот најголем поет“ Рацин. […] Една од работите што беше најтипична за Рацин беше неговото гесло: „Ќе победиме!“ Иако живееше во период на диктатура во Југославија и на наплив на наци-фашизмот во Европа, Рацин секогаш ги бодреше своите партиски другари со неговото „ќе победиме!“ Затоа и јас викам, ако Рацин можеше во 1930-тите оптимистички да вика „ќе победиме“, тогаш можеме и ние денес среде ова неолибералистичко едноумие и националистичко оргијашење сепак да порачаме: ЌЕ ПОБЕДИМЕ! [Левичарски блог]

Јуни 2008 - свирка на факултети
За мене “Ленка” има и дополнително значење, затоа што како женско лично име е и statement против патријахалниот дух и мачоизмот.
Во оваа организација се обединуваат иницијативите “Не пиеме нафта! - Повлекување на македонските војници од Ирак!”, дел од активистите кои ја покренаа иницијативата “Не за НАТО! Не за Македонија во НАТО!”, македонските активисти од Антинационалистичката Антимилитаристичка Иницијатива која беше водена заедно со грчките активисти, како и студентското движење за одбележување на 1968 и трибините и свирката “Пред и по нас”. Идеолошките профили се разнородни - социјалдемократи, демосоцијалисти, троцкисти, анархисти, феминисти, ситуационисти - но обединети врз основа на заеднички цели и ургентноста на денешната политичка ситуација. Наскоро ќе биде пуштен во функција и веб сајтот на организацијата и ќе бидат отворени вратите за нови членови.
Редовни активности се планираат многу скоро, а се надевам дека конечно во Македонија ќе се роди автентична прогресивна мисла и вистинска левица, која во овој период кога и де факто не постои опозиција (и таа што остана малку во парламентот кукавички напушти кога е најпотребно да се застане на патот на диктатурата), ќе успее да го амортизира налетот на злата патријахално-конзервативно-романтичнонационалистичко-црнокапиталистичка фаланга, која во своето лудило, успева да го убеди народот дека и најгрешните потези ги прави за општото добро. Луѓето велат “кај нас такви работи не проаѓаат”, но јас велам дека има доволно вакуум-простор.. кога можевме да организираме свирка на факултетот, кога можевме во Атина да говориме на македонски под име Република Македонија, кога можевме да добиеме почести од регионални и глобални левичарски организации и медиуми, зошто не би можеле да имаме поголем ефект во реално време, на реалните проблеми! Сега за сега можностите се тие, но предавање нема!
ЌЕ ПОБЕДИМЕ!
ПС. Оние кои се заинтересирани за членство, додека да биде пуштен во оптек сајтот на организацијата, нека остават коментари, или нека пишат мејл сеедно, ќе ве имаме сите в предвид.
општо, лично, кафански муабети, шизофренија | 1 comment
Со ова у позадина:
Нарушено здравје ко старец (да ме чуе некој како кашлам), живчан&дефокусиран (се осеќа и по блогов), исцрпен (да ви даам слика?!), наизменично сјебуван, систематски, од повеќе страни, највише од сам себе (отвори категорија “поезија” или “патетика”, лелееее
)
И НИШО НЕ МИ ФАЛИ, можда само малце поише елан?!
Сум заборавил колку блогов може да биде вентил, особено коа се собрало.. а се собрало
да ми кажувал некој што ќе ми се дешава и како ќе размислувам сега, па пред едно 3 години, ќе сум го напраел будала.. (отвори категорија “активности”)
Како и да е, прогласувам одмор и десетина дена пауза, ваљда ќе се оздраам, опраам и ќе залечам лути рани од ножеви, копја и сабји..
И аман више да не пишувам поезија некое време.. пресисав.. али како тргнало.. злото се мултиплицира
Да не го дрвам, во меѓувреме слушајте Силви Бонд и пазете да не ве уапсат.
* * *
Се’ си мислам дека учев погрешен факултет..
општо, музика, активности | no comments yet
Силви Бонд е најсимпатичниот музички проект на светот, во кој јас се обидувам да бидам вокал..

Снимивме убав материјал, за натака ќе видиме.. спонтано
Шест траки качени се на MySpace, па кој сака, нека чуе..
музика, видео | no comments yet
Да одмориме од диктатори и диктатури: Muddy Waters - Mannish Boy
политика, македонија, страшно | 5 comments
Со последните измени на Законот за работни односи, што Собранието ги усвои деновиве, продолжува трендот на намалување и кратење на работничките права во Македонија. Клучните промени се однесуваат на:
- Договорите за работа на определено време се продолжуваат на пет години (претходно четири).
- Работодавците веќе немаат обврска да им исплатат отштета и заостанати плати и придонеси на работниците што ги отпуштиле, а судот ги вратил на работа.
- Скратување на правата на работниците што работат ноќе, при што работодавецот смее да им наложи неограничено да работат во трета смена.
- Укинување на обврската на Фондот за ПИОМ и Фондот за здравство да му доделат фотокопија на вработениот од неговите документи за осигурување, со што работникот нема увид дали му се плаќа социјалното осигурување.
- Работниците веќе не можат да бараат паричен надомест за неискористените денови од годишниот одмор.
- Годишниот одмор е сведен на 20 дена.
фрустрации, политика, македонија, контемплации | 1 comment
Подобар парламент е оној кој
а) расправа, отвара прашања, заглавува во (критички) дискусии, ги претставува интересите на граѓаните
б) носи закони со ненормално темпо, без дискусија, ги легализира предлозите на Владата
(хинт: зборот Парламент етимолошки потекнува од францускиот глагол parler што значи “зборува”)
поезија, патетика | 3 comments
од ќошињата на таванот
секој ден ги слушам
како си шепкаат на раат
како си дишат во врат
како воздивнуваат
и си раскажуваат
колку се љубеле
и колку си недостасуваат
во ќошињата на таванот
во вдлабнатините
по работ
таму покрај лустерот
е таму горе на таванот
зад двата прста прав
позади високиот шкаф
ги гледам горе на таванот
двата лика во неповрат
мојот и твојот
во нивниот свет
на таванот
не се како нас оттуѓени
не се како нас изгубени
не се како нас кретени
само седат на таванот
и го прават светот поубав
со секој ден поминат
и ќе си живеат заедно
до крајот на животот
на мојот таван
над мојата глава
над мојата тага
ми останува само
да ги гледам одоздолу
да им завидувам
и да ги пазам
да не случајно некој се реши
да ги избрка од таванот
од сеќавањата
од рајот
* * *
ако овде сме ние кретени
бар тие таму горе
на таванот
нека се среќни
фрустрации, политика, бизарно, македонија, шизофренија, страшно | 7 comments

Бугарска заебанција, ама нашиве озбилно ќе ја сфатат
Ако ова не е тоталитаризам, мислам еклатантен пример за нарушување на секаква слобода, не знам тогаш што треба за да се разјасни каков режим имаме на власт:
Стопанствениците што својот рекламен материјал ќе го напишат на латинично писмо ќе платат високи парични казни. Нема да бидат поштедени ниту оние кои, на пример, наместо продавница ќе напишат „шоп“. [A1]
Сите македонски фирми, институции, општини, медиуми… наскоро ќе мора да почнат сериозно да се занимаваат со правилна употреба на македонскиот јазик. Оние што се задолжени за рекламните паноа, на пример, доколку бидат напишани на латинско писмо, ќе платат висока казна. Фирмите, излозите, кафулињата, рестораните… своите натписи ќе мора да ги транскрибираат од латинско на кирилско писмо, освен оние странски фирми чии имиња се еднакво исти насекаде во светот. Одделни емисии во електронските медиуми, пак, наместо на англиски јазик, отсега ќе носат наслови на македонски јазик. [Утрински]
Колку дена поминаа.. колку закони се донесоа.. брои некој? Страшно. Што е следно? Мењање на календарот - 24ти Цутник, 7551 (по античко, пардон древно - македонскиот календар).